Language switcher

Social

 

Оддржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

На состанокот беа присутни апликантите кои беа селектирани како подобни согласно критериумите за аплицирање, како и менторите кои што ќе ги водат апликантите низ процесот на изработка на бизнис плановите.

Во текот на идниот период апликантите ќе поминат обука за изработка на бизнис план и главните предизвици при водење на бизнис, при што во финалната фаза на евалуација ќе бидат склучени договори за имплементација на концепт-идеите со апликантите чиишто бизнис планови ќе се покажат како одржливи и изводливи.

Главната цел на оваа активност е да ја зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизниси во насока на развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со акционен план (2016-2025).