Успешна презентација на Источниот плански регион на Меѓународниот ден на танцот

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 29-30.05.2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ учествуваше на Меѓународниот ден на танцот во организација на општина Гоце Делчев во Р. Бугарија. На настанот свој настап имаа и дваесетина учесници од две фолклорни друштва од регионот кои што ја претставија културната традиција, обичаи и наследство на Источниот плански регион на Меѓународниот ден на танцот, заедно со уште десетина други фолклорни групи и ансамбли од регионот. На настанот на покана на градоначалникот на општина Гоце Делчев г-дин Владимир Москов присуствуваа и претседателот на Советот за развој на Источен плански регион Д-р Сашко Николов и градоначалникот на општина Кочани г-дин Николчо Илијев. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Галерија

Одржана Обука за туристички водич

Во периодот од 26-28 мај 2021 година во хотел Изгрев, се одржа активност 2 – Обука за туристички водич Настанот беше одржан во хотел Изгрев во Штип. Обуката беше организирана согласно сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19. Обуката беше насочена кон културните атракции, етничката, локалната традиција и начинот на живот и достапните туристички услуги и принципи и практики за хигиена и безбедност за организација на културна турнеја и задоволување на гостите. Активноста беше презентирана од предавачи од Македонија и беа одржани интерактивни работи во групи. Учесниците го посетија Исарот, црквата Св. Власие како и музејот во Штип. На настанот присуствуваа 15 учесници од Македонската страна и 8 претставници од Белица.

Галерија

Презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, организираа инфо сесија за презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.Инфо сесијата  се одржа на  20-ти мaј (четврток) 2021 година со почеток од 11 часот преку платформа ZOOM. На настанот присуствуваа околу 60 учесници од микро, мали и средни претпријатија.

Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка за старт-ап и спин-оф компании, а добиените средства се неповратни, што претставува уште еден сериозен поттик за македонските стартапџии.

Фондот ќе обезбеди до:

  • 40.000 евра (90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење, односно
  • 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење.

Целта на овој повик е трансформацијата на старт-ап екосистемот и создавање на еден конкурентен и силен систем којшто ќе има огромно позитивно влијание на домашната економија и ќе допринесе за нејзина интернационализација.

Дел од активностите кои ги поддржува Фондот се финансирање на: развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање.

На повикот сите заинтересирани може да аплицираат до 12-ти јуни 2021 година, до 14.00 часот, а целата проектната документација и начинот на аплицирање се целосно достапни на веб страницата:
https://www.fitr.mk/startapuvaj3/

Заинтересираните компании имаат можност да добијат бесплатна менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион.

Остварувањето на правото за бесплатна менторска поддршка се добива по принципот – “прв пријавен, прв услужен”.  За да ја искористите оваа извонредна можност, потребно е само да ја пополните апликациската форма, до која може да пристапите со едноставно кликање на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1QQ7Z2Kt48y2HGAnbLIuHE4OHfLVqtCgjdoppEIQT8kU/viewform?ts=609a84f4&edit_requested=true

Галерија

Реализирана обуки на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 20-21.05.2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ организираше дводневна обука на тема „Идни дигитални трендови во туризмот – технологија и алатки“. Обуката беше во организација на партнерот во проектот општина Гоце Делчев од Р. Бугарија чиј што предавач овозможи јакнење на капацитетите и развој на вештините на учесниците за можностите кои што произлегуваат од употребата на дигиталните технологии во развојот и унапредувањето на туризмот. Обуката беше организирани со интерактивна работа, согласно сите здравствени протоколи и мерки, на комбиниран начин на работа со физичко присуство и виртуелни комуникациски средства, на кои учество земаа вкупно дваесетина учесници од прекуграничниот регион. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Галерија

Одржана обука за „Управување со културни настани„ од проектот „Културен мост низ вековите“

На 17-19 мај 2021 година во хотел Изгрев, се одржа активност 3 – Јакнење на капацитетите од областа на Управување со културни настани од проект „Културен мост низ вековите“. Оваа активност опфаќа тридневна обука на тема „Управување со културни настани“. Со реализација на оваа активност ќе се даде фокус на значењето на културните настани за развој на културниот туризам. Воедно ќе се обучат засегнатите лица од двете страни на границата соодветно да креираат, планираат, реализираат и управуваат со културните настани во полза на развој на туризмот. Настанот беше одржан виртуелно односно настанот за претставниците на општина Белица се одржа во општинската сала во Белица, а за претставниците на Р.С. Македонија настанот се одржа во хотел Изгрев во Штип. Тридневните обуки беа организирани согласно сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19. Активноста беше презентирана од предавачи од Македонија и беа одржани интерактивни работи во групи. На настанот присуствуваа по 15 учесници од двете страни.  

Галерија

Јавен конкурс за инструмент за поддршка: Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф – СТАРТАПУВАЈ 3!

Врз основа на  член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, Фондот за иновации на ден 28.04.2021 година, објавува Јавен конкурс за за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“.

Цел на инструментот за поддршка

Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

Поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација.

Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Активности прифатливи за финансирање

  • активности за истражување и развој;
  • развој на пилот линии/производ/и и/или услуга/и;
  • активности за тестирање и валидација на нови и/или унапредени производи/услуги/процеси;
  • активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и
  • дизајн.

Критериуми за подобност на апликант

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;

Во случај кога како апликант се јавува трговско друштво, истото треба да ги исполнува следните критериуми за подобност:

  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени;
  • од моментот на регистрирање на трговското друштво до моментот на поднесување на предлог проект во Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години;
  • трговското друштво да е во сопственост на физичко и/или правно лице (коe не е во државна сопственост),/ здружение или фондација и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%);
  • апликантот или неговите содружници/акционери да не се посредно или непосредно сопственици на над 20% во друго/и трговско/и друштво/а чии поединечни годишни приходи надминуваат 1.000.000 (еден милион) евра во денарска противвредност во претходните две фискални години и чиј просечен поединечен број на вработени не надминува 250 вработени, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis) да ги исполнува следните услови:
  •   да нема акумулирано повеќе од 200,000 (двеста илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот;
  • да нема аклумулирано повеќе од 100.000 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај;
  • да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието), и
  • да не се занимава со производство на јаглен.

Во случај кога како Апликант се јавува тим и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат  најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на Проектот и кое ќе ги исполнува критериумите за подобност од овој член.

Подобни трошоци за финансирање

  • Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн
  • Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.

Неподобни трошоци за финасирање

  • трошоци за набавка на добра, услуги и работи од домашни јавни претпријатија, освен режиски трошоци;
  • трошоци за камата или долг на друга страна;
  • расходи и резервирања за минати или можни идни загуби или долгови;
  • покривање на загуби поради размена на валута, такси и казни;
  • трошоци за храна и угостителство;
  • трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани за селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • купување на земја или згради, вклучувајќи и реновирање;
  • готовинскa исплата од наменската сметка на проектот;
  • извозни активности (трошоци директно поврзани со извоз на производи, со основање и работење на мрежа за дистрибуција и слично или за други тековни трошоци на апликантот поврзани со извозни активности);
  • годишни такси за одржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • додатоци на плата во вид на регрес за годишен одмор, тринаесетта плата, работна успешност и слично;
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/иците на корисникот како и овластените лица на Корисникот (управител/директор);
  • трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на лица кои се вработени кај Корисникот;
  • наем на деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисник;
  • набавка на товарни транспортни возила од страна на претпријатија кои вршат товарен патен транспорт за наем или надоместок;
  • набавка на патнички возила (со исклучок на добро оправдани случаи проценети како дозволен трошок при евалуација на предлог проектите);
  • трошоци за набавка на половна опрема;
  • данок на додадена вредност (ДДВ) за сите набавки од ставот 1 од овој член;
  • трошоци за директен маркетинг и
  • трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори.

Износ на финасиска поддршка по апликација

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој (во понатамошниот текст „Фондот“) обезбедува:

  • до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
  • до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.

Преостанатиот износ (10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти)) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Времетраење на проект

Времетраењето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.

Критериуми за евалуација на предлог проект

  • Степен на иновативност;
  • Квалитет на проектот;
  • Капацитет на проектниот тим;
  • Потенцијал на пазарот;
  • Влијание .

Критериумите и подкритериумите за евалуација на проектите се наведени во образецот – Табела за евалуација

Вкупен буџет за јавен конкурс

Вкупен буџет за јавниот конкурс изнесува 2 милиони евра во денарска противвредност.

Механизам на поврат

Средствата одобрени по овој инстурумент за финансиска поддршка не предвидуваат механизам за поврат.

Начин на аплицирање

Сите обрасци за аплицирање може да ги превземете со клик на копчето Преземи документација

При аплицирање доставувате:

  • проектна апликација;
  • буџет на проектот;
  • изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
  • прашалник за животна средина и
  • Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на апликантот (освен во случај кога како апликант се јавува тим, истата се доставува по основање на трговското друштво).
  • кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).

Проектната апликација, буџетот на проектот и биографиите треба да бидат доставени на македонски и на англиски јазик ( во PDF и ексел формат) и да се прикачат на формуларот за аплицирање со клик на копчето Аплицирај”.

Останатата документација поврзана со апликантите треба да биде доставена само на македонски јазик.

Рок на аплицирање

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании е до 12.06.2021год. до 14.00часот.

Дополнителни информации

За сите дополнителни информации можете:

  • да се јавите на телефонскиот број: 02 3145 258

Често поставувани прашања

1. Дали е прифатливо експертите/консултантите кои би ги ангажирале за реализација на проектот, да бидат странци?

Да, за реализација на проектот можете да ангажирате надворешни лица, физички или правни, од земјата и од странство.

   2. Дали мора сите ставки во буџетот на проектот да бидат пополнети?

Буџетот на проектот го пополнувате само во оние ставки каде предвидувате трошоци за реализација на проектот. Не е задолжително сите ставки да бидат пополнети.

   3. Дали можам потребното сопствено учество да го обезбедам преку кредит од банка?

Сопственото учество може да биде обезбедено од сопствени средства или кредит од комерцијалите банки. Само средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.

   4. Дали може проектниот тим да брои еден член?

Согласно правилникот на овој повик може да аплицира проектен тим, што значи минимум двајца, а најмногу 5 (пет) членови-физички лица. Доколку проектниот тим биде избран за ко-финансирање, ќе има рок  од 30 дена да го основа друштвото со сопственичка структура од најмалку 51% од проектниот тим.

   5. На кој јазик треба да биде видеото што треба да се достави со апликацијата?

Со оглед на тоа дека проектите се евалуираат од Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 странски експерти, потребно е видеото да биде снимено на англиски јазик.

   6. Дали може ист тим да аплицира за повеќе проекти? 

Секако дека може, меѓутоа внимавајте на процентот на ангажираност на лицата, како и тоа дали ист тим ќе има капацитет да реализира во исто време повеќе проекти.

   7. Што означува поимот „потврден концепт“?

„Потврден концепт“ е спроведување на конкретен метод или идеа со цел да се прикаже неговата одржливост или да се докаже дека тој има потенцијал за практична примена. Нивото на развој на концептот е различен за секоја индустрија односно одделен проект може да биде демонстриран на различен начин.

   8. Дали добитникот на грант треба веднаш и во целост да го обезбеди својот дел од ко-финансирањето од самиот почеток на проектот?

Корисникот на ко-финансиран грант не е задолжително да го обезбеди во целост својот дел пред почетокот на реализацијата на проектот. Согласно текстот на повикот и правилникот за инструментот, средствата се исплаќаат на квартална основа, во согласност со одобрениот буџет на проектот авансно за секој квартал. Апликантот го уплаќа сопственото ко-финансирање 10% односно 15% од сумата предвидена за кварталот, по што се исплаќаат и средствата од ФИТР од одобрениот буџет за кварталот.

   9. Согласност планираните трошоци за активностите за предлог проектот со кој сакаме да аплицираме, при набавка на добрата и услугата кои надминуваат одреден износ кога треба да се соберат понудите?

Понудите не е неопходно да се достават во процесот на аплицирање, но би било корисно да ги имате бидејќи на тој начин ќе можете попрецизно да го предвидите буџетот.

  10. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?

Канцелариска и деловна поддршка во која спаѓа и наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административни трошоци во максимален износ од 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет на проектот се сметаат за прифатлив трошок. Средствата за канцелариска и деловна поддршка се доделуваат на квартална основа, како вкупен износ, за подставките за кои постои доказ за направен трошок.

  11. Дали постои судир на интереси при изнајмувањето на просторот?

Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисник.

  12. Дали на повикот може да аплицира компанија која е веќе добитник на грант од претходен повик на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?

На повикот може да учествува компанија која е веќе е финансиски поддржана во рамките на друг повик на Фондот доколку ги исполнува сите критериуми за подобност, но предлог проектот мора да биде различен од оној за кој веќе добила грант за ко-финансирање.

  13. Може ли постоечки вработени да бидат ангажирани за проектот?

Доколку лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот се веќе вработени во компанијата, може да ги вклучите во проектниот буџет во ставката плати.

  14. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?

Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот мора да биде заменет со лице со соодветни квалификации, ќе треба да се достави барање за промента до мониторинг тимот на ФИТР, кое ќе го проследи на одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвастиции.

  15. Што ако проектот има потреба од промени во текот на времетраењето на проектот?

Секоја промена на проектната апликација и буџетот на проектот (промени во планот на активности, клучните луѓе на проектот, пренамена на средства во износ повисок од 15%  (петнаесет проценти) помеѓу буџетските ставки од вкупниот буџет на проектот, итн.) треба да биде претходно одобрено од страна на Комитетот врз основа на барање поднесено од страна на Корисникот со прилог ревидиран буџет на проектот.


Воедно, Ве информираме дека за да Ви се зголемат можностите за добивање финансиски средства, нашиот Бизнис Центар обезбедува БЕСПЛАТНА МЕНТОРСКА ПОДДРШКА за сите заинтересирани трговски друштва, во процесот на изработка на Вашата предлог апликација.

Остварувањето на правото за бесплатна менторска поддршка се добива по принципот – “прв пријавен, прв услужен”. За да ја искористите оваа извонредна можност, потребно е само да ја пополните апликациската форма, до која може да пристапите со едноставно кликање на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1QQ7Z2Kt48y2HGAnbLIuHE4OHfLVqtCgjdoppEIQT8kU/viewform?ts=609a84f4&edit_requested=true

Реализирани серија обуки за одржливо искористување на културата за развој на туризам

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот април-мај 2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ организираше серија на обуки за одржливо искористување на културата за развој на туризам. Обуките се организираа заедно со партнерите од општина Гоце Делчев од Р. Бугарија и се фокусираа на зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи и културните институции од Источниот регион за креирање на интегрирана туристичка понуда со соодветна интерпретација на културното наследство. Обуките беа организирани во две сесии по два дена, со интерактивна работа, согласно сите здравствени протоколи и мерки, на комбиниран начин на работа со физичко присуство и виртуелни комуникациски средства, на кои учество земаа вкупно 40тина учесници од прекуграничниот регион. Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

Галерија

Четврта форумска сесија за презентирање на резултатите од спроведениот проект „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица – Берово”

Центарот за развој на Источен плански регион организираше четврта (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка. Четвртата форумска сесија се одржа на 02-ри април (петок) 2021 година. На средбата присуствуваше Раководителот на ЦРИПР г-ѓа Зујица Ангелова, Директорката на Домот за стари лица ОЈУСЗСЛ Д-р Иван Влашки Берово г-ѓа Живка Бојчовска, вработени во ЦРИПР, претставници од општините како и други засегнати страни од Источен плански регион (јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др. На оваа форумска сесија се презентираа резултатите од спроведениот проект „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица – Берово”. На сесијата се даде и информација за проектите кои не се финансирани со средства од Форумот и препораки дадени од форумот. Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

Галерија

Одржана дваесет и првата седница на Советот за развој на Источен плански регион

На ден 31.03.2021 година на виртуелната платформа ZOOM се одржа дваесет и првата седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На Седницата беа присутни градоначалниците од Источниот плански регион, министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, заменик министерот за локална самоуправа г-дин Зоран Димитровски и државниот секретар при Министерството за локална самоуправа г-дин Кирил Парталов.

На седницата беше дискутиран новиот Закон за рамномерен регионален развој и промените во однос на стариот Закон, како и можностите кои што ќе ги имаат општините и Центрите за развој на планските региони за реализација на проекти преку различните Програми предвидени со новата законска регулатива.

Воедно, беа усвоени и годишните извештаи за работата на Центарот за развој на Источен плански регион за 2020 година и за реализацијата на Програмата за развој на Источниот плански регион, како и годишната сметка на Центарот за развој на Источен плански регион и потсметките на проектите. 

Галерија

Потпишан Меморандум за соработка за изработка на новиот Просторен план на РСМ

Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева и раководителите на осумте Центри за развој на планските региони, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој сите страни ја изразија подготвеноста за соработка во процесот на изработка на  Просторен план на Република Северна Македонија.

Потребата за изработка на нов просторен план произлегува од истекувањето на постојниот плански документ, но и заради промената во условите и современите потреби на нашето општество.  Просторниот план претставува национална стратегија за просторен развој и дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на Државата. Процесот на изработка на Просторниот план ќе биде инклузивен и ги вклучи вклучени сите релевантни институции во Државата, вклучително и невладиниот јавен сектор, а ќе биде усогласен и со регионалното просторно планирање преку консултации со соседните земји и усогласување на пограничните и прекуграничните активности. 

Целокупниот процес ќе биде поткрепен со нова законска регулатива од областа на просторното планирање за која исто така ќе бидат консултирани домашни и странски експерти.

– Новиот Просторен план на Државата ќе биде современ и визионерски и ќе овозможи долгорочен и одржлив социо-економски развој,  превенција и контрола на неговото штетно влијание врз животната средина и ќе воспостави баланс помеѓу расположивиот простор, економскиот и демографскиот развој, природните и културните ресурси. Исто така, со новата методологија се предвидуваат и механизми за справување со климатските промени како и усогласување на секторските политики и наоѓање на најсоодветни решенија – истакна во таа прилика министерот Нуредини.

Директорката на Агенцијата за планирање на просторот Андријана Андреева во поздравното обраќање укажа на важноста на просторниот план нарекувајќи го „устав во планирањето“ и подготвеноста да се ангажираат сите расположиви стручни ресурси, Исто така, укажа и на важната улога на планските региони и нивното учество во овој процес што произлегува не само од фактот што за секој плански регион ќе се изработи посебен просторен план како разработка на националниот, туку и поради нивната улога во напорите за постигнување на рамномерен регионален развој во дражавата.

Нарачател на Планот е Министерството за животна средина и просторно плaнирање, кое ја координира целата постапка за изработка и ги спроведува процедурите на донесување на Планот согласно Законската регулатива и Методологијата за изработка на Просторниот план, додека изработувач на Просторниот план е Агенцијата за планирање на просторот.

Галерија